Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Владините мерки се импровизација

Мерките кои што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат прифатени од Владата доколку заедничка цел е добра и стабилна иднина на нашата држава и нашите граѓани. Помошта од Владата на СДСМ не само што е задоцнета, туку е недоволна. Мерките кои што ги  донесе Владата за стопанството и граѓаните се само причина повеќе за огромна и сериозна загриженост. Според донесените мерки Република Македонија, а и самите граѓани ги чека црна и тешка економска криза, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на владините мерки за надминување на последиците од епидемијата на коронавирусот.

„Пакетот мерки се огромно разочарување за граѓаните и бизнисот. Ова е далеку од доволно за помош на стопанството. Затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага неколку мерки за да се помогне на најранливите категории во период кога владее пандемија и се заканува економски колапс на државата.
ВМРО-ДПМНЕ во деновите кои што следи, до Владата ќе достави уредби со сила на закон за мерките кои што ги предлага. Така ќе се отвори дебата на самата владина седница за да може претставникот кој што ќе биде таму и кој што е дел од техничката Влада да ги брани тие мерки. 
Првата мерка која што ќе ја достави ВМРО-ДПМНЕ е да се покријат до 50 проценти од трошоците по основ на бруто плата и за сето тоа ќе доставиме методологија. Тоа ќе важи и за месеците март, април, мај и јуни, а потоа соодветно на ситуацијата ќе предлагаме нови мерки.
Втората мерка која што ја повторува ВМРО-ДПМНЕ е веднаш да се интервенира во вториот задолжителен приватен пензиски фонд и средствата кои што во висина од 10 милијарди денари биле предвидени за оваа година, а веќе во првите два месеци јануари и февруари , една и половина милијарда се уплатени во задолжителниот приватен пензиски столб, да бидат веднаш со уредба со сила на закон пренасочени во единствениот државен задолжителен пензиски столб. 
 
На тој начин ќе се обезбедат дополнителни осум ипол до 10 милијарди денари. 
Мерките предложени од ВМРО-ДПМНЕ треба да ги прифати Владата за добра и стабилна иднина на нашата држава и нашите граѓани“, се вечи во соопштението на партијата.
 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе