ВМРО-ДПМНЕ: Владата под итно да покрие 50% од платите на работниците

Квази мерките на СДСМ оставаат илјадници граѓани без приходи. 33.000 работници во секторот туризам и угостителство, каде спаѓаат: хотели, ресторани, кафеани и кафулиња нема да добијат помош од државата за исплата на плата. Наместо со реални мерки, СДСМ ги залажува граѓаните со импровизации. Мерките кои ги предложија стартуваат од април, март е непокриен, а тоа е месецот во кој почна кризата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Квази мерките на СДСМ се по принципот ,,Колку да се каже нешто''. Апелираме да ја надминат својата суета и надменост и да ги прифатат мерките на ВМРО-ДПМНЕ за национален спас. Владата под итно да покрие 50% од платите на работниците. Не смее да се земаат пари од оние кои немаат. Власта да ги скрати непродуктивните трошења кај сите буџетски корисници и средствата да се пренасочат за здравството.

Реализацијата на капитални инвестиции не смее да запре. Сите планирани инвестиции да се реализираат, со цел да се помогне на индустријата и градежништвото. Потребни се реални мерки и решителни чекори, а не импровизации“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе