ВМРО-ДПМНЕ: Владата нема план како да ја сопре пандемијата, граѓаните се оставени сами на себе

Речиси шест месеци откако Република Македонија е зафатена со пандемијата предизвикана од ковид-19 вирусот, а Владата предводена од СДСМ и Заев сѐ уште немаат ниту стратегија, ниту начин како да се справиме со истата, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Иако од почетокот на пандемијата на прес конференциите од страна на Министерството за здравство и министерот Филипче слушаме дека државата добро се справува со вирусот и будно се следи ситуацијата, сепак секојдневните бројки од самиот почеток, па сѐ до сега, покажуваат дека не само што Владата нема никакви мерки за справување со кризата, туку има кренато раце од ситуацијата и граѓаните се оставени сами на себе.

Првичните бројки на заболени од вирусот кои што се предвидуваа беа околу 2.000 заболени, за денеска да сведочиме на фрапантна бројка од над 11.000 заболени и за жал околу 500 починати.

 Република Македонија стана Ломбардија на Балканот. Поразителен факт е што Владата нема стратегија, ниту пак некаков план за да ја сопре пандемијата, а по нивните тврдења, велат дека допрва доаѓа вториот бран на коронавирус во државата. И по неколку месеци борба со пандемијата, здравствените работници сѐ уште укажуваат на тоа дека е потребна заштитна опрема која е неопходна за нивното секојдневно работење, односно во борбата со ковид вирусот, но Филипче и Заев тоа не го сметаат за приоритет.

Тоа доволно кажува за неспособноста, неангажираноста и немањето ниту знаење, ниту идеја за претстојниот период со здравствената криза. Животот и здравјето на граѓаните кои што пред предвремените парлементарни избори беа најважно за СДСМ, сега одеднаш не се ниту во втор план.

Најголеми жртви на неработењето и манипулациите на СДСМ се здравствените работници кои од првиот ден се на првата борбена линија со ковид вирусот и граѓаните кои што за жал се оставени сами на себе. На сето ова мора да му дојде крај, а за последиците да се сноси одговорност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе