ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Зоран Заев и крими ликовите околу него падна

Никогаш да не се повтори ваква криминална и антимакедонска власт. Никогаш да не се повтори ваков грабеж и распродажба на националните интереси. Никогаш да не се повтори ваква расипничка, неспособна и измамничка влада. Никогаш да не се повтори Зоран Заев и неговиот криминален картел. Македонија и нејзините граѓани не заслужуваат да бидат потценувани и казнувани заради арамии кои за пусти пари би се откажале од сѐ што е свето, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сега е неопходно обединување за обнова на Македонија. Сега е неопходно секој да излезе и да каже што мисли за Рекет, крвавите тендери, криминалните иновации. Сега е неопходно секој да излезе и да каже што мисли за ниската откупна цена и проблемите со откупот на земјоделските производи, за земјоделците кои во скинати патики работат по нивите додека министерот им доаѓа на протест во брендирана гардероба.

Сега е неопходно секој да излезе и да каже што мисли за милионските задолжувања без ниту една капитална инвестиција.

Сега е време да му се каже на Зоран Заев дека заминува како најголемиот срам на македонскиот народ. Сега е време да им се порача на сите идни корумпирани ликови кои со лаги и измами планираат да дојдат на власт дека народот е мудар и казнува. На Македонија ѝ требаат чесни и честити политичари. На Македонија и треба обнова“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе