ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев не е нов почеток, туку продолжување на криминалот и корупцијата

Нов ден со троцифрен број новозаразени од корона поради неспособноста и неодговорноста на власта на Заев. Македонија има речиси 14 илјади заразени и скоро 600 починати, со што сме црна точка во Европа. Но криминалната власт на Заев не се грижи за граѓаните. Фрлени се максимално на криминал и раскрчмување на државата. За тоа говорат црните бројки во економијата. Македонија е единствена земја во која пропадна банка во овој период, скандал тежок скоро 200 милиони евра и 100 илјади блокирани сметки, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дополнително државата ја задолжија за една милијарда евра за само три месеци, без никаква реална помош на економијата, туку исклучиво за изборен поткуп.  36 илјади граѓани останаа без работа, а најмалку уште толку не ја земаат редовно својата плата. Оваа влада на Заев направи рекорден буџетски дефицит од 520 милиони евра за првите седум месеци и постои основан страв кај експертите дека до крајот на годината нема да има доволно средства за сервисирање на обврските на државата.

Владата која ја предлага Зоран Заев не е никаков нов почеток, туку продолжување на спрегата на стари истрошени и транзициски кадри, криминалот и корупцијата. Оваа власт на Заев е власт со која ќе царуваат криминалот, корупцијата, додека економијата тоне, а народот осиромашува“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

И покрај сета надеж што се роди со објавите за докажана ефикасност на неколку кандидати за вакцини за ковид-19, има долг пат пред нас што треба да се изоди за да се дојде до универзална и лесно достапна „вакцина за луѓето“. 

повеќе

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе