„Но, наместо во РЕК, каде струја не се произведува затоа што од ЕЛЕМ и претпријатието не ископаа на време јаглен, сега се увезува скапа струја и се полнат приватни џебови.
Стопанството веќе ја чувствува скапата струја. Домаќинствата допрва ќе го почувствуваат ударот. И на сето тоа ни се заканува и растечка инфлација и обезвреднување на парите. Стандардот на народот е се помал.
Оваа власт водена од кадрите на Заев не може да ја смени сликата и црната реалност. Затоа потребни се брзи избори и нова влада која ќе знае како да ја извади државата на вистински пат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.