ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ бесрамно профитира од ситуацијата со коронавирусот

Додека граѓаните и стопанството во Република Македонија се справуваат со корона вирусот, Владата енормно троши народни пари. За само четири дена платени се 8 милиони денари од власта за репрезентации, услуги во ресторани и патувања. За само 4 дена од 17 до 20 март, во екот на заразата кога стотици граѓани биле заразени и побарале здравствена заштита, кога нема доволно ресурси во здравствениот систем, биле потрошени 3 милиони 78 илјади и 300 денари на име на репрезентации од страна на функционерите на власта, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Функционерите на СДСМ изеле и испиле над 3 милиони денари во време кога ни се случува најголемата здравствена и економска криза. Односно по денови, 467 илјади денари на 17 март, 710 илјади денари на 18 март, еден милион и 440 илјади денари на 19 март и 459 илјади денари на 20 март.

Дополнително не се штедело ниту на трошоци на патувања во земјава и странство. Потрошени се 96.843 евра за патни трошоци, сместувања, хранарина и дневници.

Затоа предлагаме наместо кратење на плати на работниците и на администрацијата, да нема плати за министрите. Ова е конкретен предлог до владата, Спасовски, Шекеринска и другите да се откажат од платите и да ги донираат за борбата против корона вирусот.

ВМРО-ДПМНЕ освен тоа предлага и сет на мерки кои со сигурност ќе придонесат за стабилизирање на економијата без притоа работниците тоа да го почувствуваат на својот грб.

Државата да покрие до 50% од бруто трошоците за вработените, по основ на нето плати и придонеси, а не само нето плати како што предлага СДСМ,

Целосно да се замрзнат плаќањата на рати по основ на отплата на главнина и камати на граѓаните и бизнисот кон банките и заемодавателите,

Владата да се откаже од непродуктивните трошоци од буџетот и безусловна и интензивна реализација на капиталните инвестиции,

Владата да го покрие транспортниот сектор со укинување на плаќањето на патарина и царински давачки, како и да донесе одлука за укинување на сите давачки – царински и даночни за набавка на здравствени маски, медицински препарати и уреди потребни за справување со корона вирусот,

Аконтацијата на данокот на добивка за месеците април, мај и јуни да биде одложена, но истото ова треба да се примени и за ДДВ за месец март кој се плаќа до крајот на месец април за дејностите погодени од кризата,

Итно и целосно прекинување на непродуктивните трошоци за времени вработувања,

Да не се прави „урамниловка“ помеѓу платите на функционерите со платите на работниците во администрација и веднаш да се обезбедат 1 милијарда евра за да нема негативни последиците врз компаниите и стандардот на граѓаните, од кои 600 милиони преку средства од Светска банка, ММФ и странски банки, и 400 милиони евра преку државни хартии од вредност кои ќе ги издаде Министерството за финансии, со претворање на пасивниот капитал во актива.

Министрите, политичарите и работниците од администрацијата не можат да бидат израмнети по однос на месечните приходи.

Време е функционерите од СДСМ да почнат со свој личен пример да го помогнат народот. Владата треба да биде доблесна и да соработува во овие тешки моменти за македонската економија и македонските граѓани“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе