ВМРО-ДПМНЕ: Владата на пионот Ковачевски ќе има краток рок на трaење

Вчера пропадна долгонајавуваното зголемено мнозинство на СДСМ. Владата на пионот на Заев Ковачевски се избра со 62 пратеника, кои и досега ги имаа. Неспособноста на оваа Влада почна уште од вчера. Владата на пионот Ковачевски ќе има краток рок на траење, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните се уморни од неспособноста на СДСМ и ДУИ во Влада, а по однос на легитимитетот, Ковачевски како политичар и мандатар нема изборен легитимитет.

Заев се обидува преку Ковачевски да направи мост за тивок премин и премолчување на неговите криминали, но сепак тоа нема да му успее затоа што ќе дојде судот на народот и департизираните судски институции.

Оваа украдена шанса скапо ќе ги чини Ковачевски и Заев на следните избори, кај и да е ќе стаса како резултатите така и одговорноста, бегање нема.

ДС, ДОМ и ЛДП докажаа дека се привезоци на власта. Дека се заштитник на криминалот на СДСМ ДУИ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе