ВМРО-ДПМНЕ: Владата на пензионерите веќе им зема 1.800 денари, а сега ќе им дава 700

Срамно и безобразно е владата на СДСМ да се фали дека водат грижа за пензионерите и дека пензионерите ќе добијат покачување на нивните пензии од следната година. Вистинска слика за пензионерите во Република Македонија е дека за овие три години СДСМ и Царовска им земаа 1.800 денари на пензионерите, реагира ВМРО-ДПМНЕ на најавените покачувања на пензиите.

„Поради лошите политики на СДСМ пензионерите не добија покачување на своите пензии во вредност од 600 денари на годишно ниво како што тоа го правеше владата на ВМРО-ДПМНЕ. Пензионерите знаат дена ова „ветување“ на СДСМ е само предизборна манипулација за да ги придобријат гласовите од оваа категорија на граѓани.

Доаѓаат подобри времиња за сите граѓаните во Република Македонија. Тоа ќе се случи кога оваа криминална власт заедно со Заев и Царовска ќе ги заминат во историјата, и на 12 април следната година ќе победи обновата на Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе