ВМРО-ДПМНЕ: Вистината за трагедијата во Тетово ќе се дознае само ако Заев, Филипче и Хасани дадат оставки

Заев, Филипче и Хасани да си дадат оставки, само така ќе имаме непристрасна истрага која ќе даде одговор на сите прашања, на кои премиерот, министерот за здравство и неговиот заменик не сакаат да им го слушнат одговорот, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев, Филипче и Хасани знаат, но постои опасност дека нема да сакаат да се дознае:

-Како се градени модуларните болници, од каков материјал и на кој начин?

Дали министерството за здравство побарало од изведувачот минимум стандарди за градба на модуларните бараки?

Колку е платено за нивната изградба и дали тоа соодветствува со добиениот производ?

Зошто немало противпожарни апарати и систем за противпожарна заштита?

Зошто немало доволно медицински персонал, и каква е таа здравствена заштита во која лекари се роднините на болните?

Зошто било плаќано мито за грижа на пациентите?

Кој од власта се заканува врз роднините на жртвите од несреќата и ги опоменува што да сведочат?

Ако одделот за организиран криминал на обвинителството не води постапка, тогаш кој тоа го прави во обвинителството?

Дали ОЈО ја слушна изјавата на премиерот кој призна дека е длабоко инволвиран во истрагата која мора да биде непристрасна и објективна?

Што треба дополнително да се случи за да Зоран Заев и Филипче си поднесат оставки и ја ослободат истрагат. Време е за одговори и одговорност. Време е за оставки од Заев, Филипче и Хасани, а потоа за независна и непристрасна истрага од која ќе се утврди вина. Со Заев, Филипче и Хасани на позиција постои опасност одговор на поставените прашања воопшто и да не добиеме“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе