ВМРО-ДПМНЕ: Вицеканцеларот на Австрија даде оставка, а на Богоевски око не му трепнува

Австрија и која било членка на ЕУ се светлосни години пред нас. Политичката одговорност е особина на секој политичар во Европа, ама не и во Македонија, сооопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев беше фатен како бара мито по шемата - евро за Вицето, евро за црквата, целата јавноста ка гледаше снимката, а тој не ни помисли на оставка. Венко Филипче е посочуван од страна на медиумите за непотизам при делење на тендери во здравството, а оставка нема. Мила Царовска е фатена во малверзации со парите на пензионерите, а одговрност за никого нема, уште помалку оставки. Убиства се случуваат на секој чекор, безбедноста е нарушена, а Оливер Спасовски не поднесува оставка. Економијата тоне, германските инвеститори ја оценија со нула, а Кочо Анѓушев наместо да даде оставка си дава тендери. Нивото на капитални инвестиции за првите три месеци од годината е само 6%, а нема оставка од Сугарески. Тевдовски се крие и не дава оставка, а државата ка задолжија за над половина милијарда евра за две години. Љупчо Николовски наместо да даде оставка, бидејќи земјоделието е во хаос, а откуп нема за ништо, тој се шета со старлети низ светските метрополи.

Државата е во хаос, а Заев кој е најодговорен за таквата ситуација се крие за да ја доограби државата. Потребни се оставки и тоа веднаш. СДСМ треба да си замине“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе