ВМРО-ДПМНЕ: Ветувањето од ЕУ е дека во октомври ќе добиеме одлука, ама каква

СДСМ и Зоран Заев докажаа дека ниту можат да спроведат реформи, ниту да го подобрат стандардот на граѓаните, а уште помалку можат да не однесат во Европската Унија. Единствено што знаат е како да ги продадат државните интереси, да си ги прошират своите бизниси и да ги осиромашат граѓаните, се вели во денешното соопштение ВМРО-ДПМНЕ.

„Претходните осум години кога Македонија имаше позитивни препораки за преговори со ЕУ услов за датум беше решение за спорот со името, но сега реалноста е дека Македонија не доби датум за преговори затоа што власта нема испорачано реформи.

Планот за реформи 3-6-9 со кој толку многу се фалеа се претвори во фијаско. Не успеаја да исполнат ни 42% од истиот. Воедно државата се повеќе тоне во корупција,  судството и обвинителството работат по нарачка на аболициран премиер, а нема реформи ниту во администрацијата.

Две години Заев ги лаже граѓаните дека датумот само што не сме го добиле. Дури и се сликаше во авион прославувајќи дека сигурно добиваме датум, за да една година после тоа се уште нема ни Д од датум за преговори со ЕУ.

Откако повторно добија студен туш од ЕУ, сега повторно манипулираат дека датумот го добиваме во октомври или декември, но пораката која ја добивме е дека во октомври ќе се донесе одлука. Притоа нема гаранција дека и тогаш ќе добиеме датум затоа што државата ни ја води најнеспособната влада во историјата.

Во Европа не се оди со два пати аболициран премиер, со партизирано судство и обвинителство, корупција местени тендери и непотизам во секоја пора во државните институции. Во Европа не се оди ниту со економија која тоне, уништено здравство и колабирано образование.

Со СДСМ и Заев граѓаните и државата стагнираат. Одговорност неуспехот на власта, распродавањето на државата и криминалот мора да има. Потребни се промени и затоа СДСМ и Заев мора да си заминат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе