ВМРО-ДПМНЕ ветува преселување на некои државни институции по општините

Децентрализација на институциите. Предлагаме нешто што досега ниту една политичка партија не го вети како дел од својата програма. Оваа нова реформа ќе се реализира низ сите општини во Македонија. Државните институции и органи ќе се преместат во други општини, како на пример Министерството за култура и културните државни институции во Охрид, ветува Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на последните свои јавни настапи.

„Институционална децентрализација. Тоа е  една крупна реформа со која ВМРО-ДПМНЕ ќе се зафати и тоа нема да биде преку ноќ, можеби ќе треба повеќе време, можеби ќе требаат повеќе години, но еднаш засекогаш мораме да почнеме и да го најдеме местото на секое нешто онаму каде што тежи. Охрид за целиот свет е културна престолнина, нашиот Ерусалим и тука треба да бидат сместени сите државни културни институции и управи, а на крај и самото Министерство за култура. Тоа се вика институционална децентрализација, институциите таму каде што им е местото. Културата и министерството треба да бидат овде во Охрид“, изјави Мицкоски на партиската трибина во Охрид.

Тој вели дека секоја општина ќе добие децентрализирана државна институција, „да ја развиваме секоја педа македонска почва“.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе