ВМРО-ДПМНЕ : Ветениот поврат на ДДВ заврши како фијаско

„Ветениот поврат на ДДВ заврши како фијаско. Наместо ветените 500 евра од поврат на ДДВ, граѓаните добиваат по 1.000 денари и тоа не сите, и тоа ќе го добијат помалку од 10% од потенцијалните корисници на оваа мерка на владата на СДСМ", се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, милиони евра завршуваат во џебовите и сметките на функционерите од власта чии фирми добиваат тендери, јавни набавки, грантови и слични повластици од народните пари.

„Додека ја замајуваат јавноста со 1.000 денари од поврат на ДДВ и слични популистички мерки, кланот Заеви стана најбогатиот клан не само на Балканот, туку и пошироко. Граѓаните јасно гледаат дека од ден во ден се потешко се живее обичниот човек, ама затоа цветаат бизнисите со марихуана, градежните, транспортните и многу други фирми кои ги поседуваат Заеви", се додава во соопштението.

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе