ВМРО-ДПМНЕ: Веќе имаме над 100 жртви од коронавирусот, а на Заев му се брза на избори

Заев и СДСМ ја користат епидемијата со коронавирус да си делат милионски бизниси, концесии и да прават класичен изборен поткуп на гласачи. Заради нивното неодговорно однесување во Македонија имавме црн викенд, а само вчера беа регистрирани нови 30 заболени и тројца починати. Со тоа Македонија ја надмина бројката од 100 жртви, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија е црн рекордер во регионот по смртност на милион жители и имаме повеќе жртви од Бугарија, Албанија и Грција заедно. Македонија е земја во која нема никаква стратегија за решавање на економската криза која следи по здравствената, па така имаме најмал процент од БДП одвоен за помош на економијата и стопанството.

Македонија е земја во која повеќе се одвојува за договорни услуги, стоки и услуги и други непродуктивни трансфери, отколку што се одвојува за поддршка на здравствениот систем и изградба на капитални инвестиции.

Македонија е земја во која буџетската дупка за првите месеци е 200 милиони евра, без притоа да се пресметаат економските последици од кризата. Тоа е нов долг за секое семејство од околу 420 евра.

Ете како неспособната власт на Заев и СДСМ се справуваа со здравствената и економската криза.

Заев и СДСМ и по цена на животи и по цена на економски колапс брзаат да одат на избори само за да го ублажат поразот. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи нивните штетните политики кога и да се одржат изборите, но интересот на граѓаните и на државата ни се пред се.

ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе