ВМРО-ДПМНЕ: Веднаш да се обезбеди соодветна опрема за медицинските лица

Системот се распаѓа, а граѓаните го плаќаат неспособното владеење на СДСМ со сопствените животи. Здравството веќе не може да одговори на потребите на граѓаните, а СДСМ се фали како Заев си танцува со пандемијата. Лошото менаџирање со кризата, со секој изминат ден зема сѐ повеќе жртви. Сите сме загрозени. Сите сме во опасност, а танчерите Заев, Спасовски и Филипче, живеат во паралелна реалност и се фалат како блескаво танцуваат, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Неспособноста на Владата предводена од СДСМ да се справи со коронавирусот од ден на ден резултира со сѐ повеќе заболени и починати лица.

Од ден на ден се зголемува бројот на заразени лица и меѓу медицинскиот персонал. Станува збор за повеќе од 20 проценти од медицинските лица кои се заболени во болнички или амбулантски услови. Заболени се медицински лица од здравствени установи низ цела Македонија, како Скопје, Куманово, Дебар, Кавадарци, Битола, Охрид, Демир Хисар.

Медицински лица има и во самоизлоација. Меѓу нив се 14 од штипското инфективно одделение кои превентивно се во самоизолација, како и десеттина вработени во епидемиолошката служба на Центарот за јавно здравје во Гостивар.

Медицинскиот кадар е десеткуван, а главниот удар допрва се очекува. Сега е време да се заштитат медицинските работници за што предлагаме:

1.Веднаш да се обезбеди соодветна опрема преку централна набавка со цел да се има увид дали има доволно опрема за медицинските лица.

2. Да се стартува со тестирање на поголем број на лица, а пред се на здравствените работници.

3. Потребно е да се побара помош од сите држави и меѓународни институции кои можат тоа да го направат.

Не е време за себепромоција. Не е време за популизам. Нема време за чекање. Време е за мерки кои треба да се спроведат веднаш. Време е за ефикасно справување со коронавирусот. Не доцнете повеќе, ако треба помош ВМРО-ДПМНЕ е тука“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе