ВМРО-ДПМНЕ: Вчера секој трет тестиран имал ковид, Филипче преземи одговорност

Една третина од тестираните во текот на вчерашното деноноќие се позитивни на ковид. Тоа значи дека секој трет тестиран имал ковид. Филипче целосно потфрли, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Хаосот кој го живееме е резултат на неспособноста и незаинтересираноста на Венко Филипче. Го преспа цело лето, а не направи ниту еден нов болнички капацитет, не го зголеми медицинскиот персонал, ниту пак набави вакцина против сезонски грип. Есенскиот бран на ковид го фати целосно неспремен Филипче, иако самиот тврдеше дека на есен вирусот ќе биде појак, ништо не презема.

Лошиот менаџмент со системот допринесе Македонија да е една од земјите на врвот во Европа по заразени на милион жители, но и починати. Ова е жално и трагично. Се што направи Филипче е вперување на прстот за вина кон граѓаните.

Граѓаните сега се виновни за неговата неспособност. Филипче, не се виновни граѓаните. Преземи одговорност и дај оставка веднаш“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Како што тргнало, на крај, кога ќе го оствариме сонот и конечно ќе влеземе во ЕУ, ќе бидеме нација X, со јазик Y, со националност Z? Кој ќе се радува на тоа?

повеќе

Зошто да не му веруваме на лидерот кој е на чело на колоната запатена кон ЕУ?

повеќе

Логиката е кога веќе се успеа со Преспанскиот договор, кога веќе отстапката е потпишана, зошто да не се направи тоа и со Бугарија.

повеќе