ВМРО-ДПМНЕ: Вчера падна Заев, на 12 април заминува и криминогеното раководство на СДСМ

Ова е почеток на крајот на политичката кариера на Зоран Заев кој на сопствениот народ и сопствената држава им донесе само порази и срам во изминатите три години. Завршува тажната политичка кариера која аболицираниот Заев по секоја цена се обидуваше да ја продолжи, на сметка на државните и националните интереси, на сметка на својот народ, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев привремено го замени негов слуга, најнеуспешниот министер за внатрешни работи во независна Македонија, Оливер Спасовски. Човек пред чии очи се случија десетици убиства, престрелки и запалени автомобили, а тој наместо да го гони криминалот се стави во одбрана на истиот.

Криминално рекетарската банда на чие чело е аболицираниот Заев набрзо ќе замине на темната страна на македонската историја. 12 април е денот кога секој еден граѓани кој се почувствува заборавен од оваа власт, ќе излезе на гласачкото место и ќе го потсети Зоран Заев на сите неисполнети ветување и нереализирани очекувања.

На 12 април граѓаните ќе го потсетат Заев на ветената плата од 500-тини евра, на 500-те километри автопат, на ветувањето за чист воздух, враќањето на иселените млади назад во Македонија и целиот оној памфлет кој СДСМ го нарече програма „За живот во Македонија“.

Доаѓа време на чесни и принципиелни политичари во Македонија чиј збор има вредност и тежина. Македонија заслужува подобро. Македонските граѓани заслужуваат да живеат во просперитетна држава и во неа да ја планираат својата иднина“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе