ВМРО-ДПМНЕ утре пак ќе протестира пред Министерството за здравство

Со обвинувања за премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, ВМРО-ДПМНЕ утрово најави нов протест пред Министерството за здравство за утре претпладне.

„Филипче и Заев се одговорни за 4.357 жртви од корона. Додека целиот свет беше во потрага по вакцини, Заев и Филипче беа во потрага по провизии за кинески вакцини. Крвави се рацете на Филипче и Заев кои од државата направија кланица во која гробиштата се полни, а парковите празни. Медицинскиот персонал голорак се бори против корона пандемија. Вакцините ги има само во изјавите на Филипче, граѓаните не ги гледаат. Да го подготвеа здравствениот систем по појавата на корона вирусот ситуацијата ќе беше поинаква. Граѓаните ги оставија да молат за лек, да молат за болнички кревет, да се задолжуваат. Медицинскиот персонал го истоштија“, пишува во соопштението од опозициската партија во кое најавуваат дека повторно ќе го повикаат Филипче да поднесе оставка.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе