СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ уништуваше паркови, а денес глуми загриженост за садници заболени токму поради нивната негрижа

ВМРО-ДПМНЕ, партијата што го уништи зеленилото во Скопје заради бизнис-интереси, денес искажува лажна загриженост за дрвјата, вели СДСМ во соопштение за медиумите откако денеска беа исечени јапонските цреши на Максим Горки, со ветување дека ќе се засадат нови.

Колку ВМРО-ДПМНЕ се грижеше за зеленилото докажуваат масовните сечи на на Водно, уништувањето дрвореди и цели паркови, кои често се правеа во доцните утрински часови.

Истото ВМРО-ДПМНЕ денес лицемерно глуми загриженост за дрвја што ќе бидат заменети со нови садници.

Како што јавно објавија институциите, Општина Центар, Град Скопје, станува збор за заболени дрва со габични инфекции, кои ќе бидат заменети со нови садници веќе в понеделник, додека вакво менување на заболени садници се случувало и претходно.

Дрвата се заболени токму поради долгогодишната негрижа на тогашната градска власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски, а денес се санираат штетите, вели СДСМ.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе