ВМРО-ДПМНЕ тврди: Лични карти не се издаваат и повеќе од 20 дена

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека МВР е нефункционално и дека лични  лични карти не се издаваат и повеќе од 20 дена. Според партијата, граѓаните за лична карта чекаат и повеќе од месец дена, а во последните 20 дена не е издадена ниту една лична карта.

„Спасовски со нефункционалноста на МВР и неиздавањето на лични карти го крши и Законот за лична карта кој јасно пропишува во својот чл.12 дека личната карта се издава во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето за издавање.

Кој ќе одговара и дали воопшто некој ќе понесе одговорност затоа што се крши законот? Уште поважно кој ќе им ја надомести штетата на граѓаните кои не можат слободно да стапат во правен промет затоа што системот не е способен да им издаде лична карта согласно законски утврдениот рок?

Власта ги става граѓаните во голем ризик, но и во голема штета“, пишува во партиското соопштение.

 

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе