ВМРО-ДПМНЕ: Трошиме кредити со високи камати, со СДСМ долгот е веќе 5 милијарди евра

Економијата не генерира раст. Со Заев и СДСМ трошиме кредити со високи камати. Власта поради својата неспособност да менаџира со економијата предизвика буџетска дупка која до крајот на годината ќе биде и до 1 милијарда евра. Со СДСМ јавниот долг одамна го надмина нивото од 5 милијарди евра од БДП, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија се движи кон амбис, поради Зоран Заев и неговите непромислени политики. СДСМ не прави ништо за економијата да генерира раст. Наместо на развој на економија СДСМ се насочи на криминал, корупција и рекет.  Со СДСМ Македонија нема развој. Тоа се гледа и од нивото на реализирани капитални инвестиции, кои се движат околу 60% од првично планираното, скоро секоја година во изминативе 3 години. Со СДСМ Македонија тоне“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
 

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе