ВМРО-ДПМНЕ: Тендерот за хеликоптерски превоз доделен на фирма основана 24 дена пред огласот

СДСМ го зголеми иселувањето. Од Македонија никогаш порано не се иселувале толку граѓани како во последните три години. Ветувањето дека ќе ги вратат 500.000 иселени, се испостави како најголемата лага во историјата на Македонија.„Живот за сите" е најбруталната лага врз сопствениот народ, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо подобар стандард и подобри услови за живот имаме делење на тендери и бизниси на фирми блиски до власта.

Власта доделува тендер за хеликоптерски превоз на фирма основана само 24 дена пред да биде распишан огласот и со истото име како и огласот. Власта ќе плаќа по 10.000 евра народни пари на секои 15 минути на фирма формирана непосредно пред огласот. Со народни пари ќе се полнат џебовите на врхушката на власт.

Македонија не смее да оди повеќе по криминогениот пат на оваа власт. Македонија мора да расчисти со криминалот и корупцијата на Заеви“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе