„Во исто време според податоците од имотниот лист на Каевски гледаме дека тој се стекнал со стан во Скопје и дел од куќа. Податоците се јавно објавени на страната на ДКСК.
Дали функционерите на СДСМ лапаат државни пари преку фирмите на нивните родители и блиски роднини? И додека народот по цел живот се мачи да обезбеди сопствен дом функционерите на СДСМ и нивните фамилии вртат стотици илјади евра преку државни тендери. Одговорност мора да има. Ја повикуваме ДКСК да ги испита случаите со стекнување на имот на Каевски и земањето тендери на фирмата на неговиот татко“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.