ВМРО-ДПМНЕ: Светската банка ѝ даде црвен картон на владата

Според најновата прогноза на Светска банка растот на економијата во наредните две години ќе биде под регионалниот просек. Во ситуација кога Светска банка прогнозира раст на регионалните економии со околу 4% и над тоа, македонската економија ќе има раст со нешто над 3%. Зоран Заев од опозиција ветуваше од 5% до 7% раст, три години како е на власт, а не сме ни блиску, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со ова темпо на раст економијата премногу бавно се движи и не може да го стигне ниту балканскиот, а не пак европскиот просек. Економијата тоне затоа што власта презема погубни политики. Покачените даноци, зголемувањето на акцизата, воведувањето на нови давачки се причина земјата сѐ повеќе инвеститори да ја заобиколуваат.

И додека инвеститорите не доаѓаат, граѓаните бегаат. Според податоците на Светска банка над 500.000 граѓани ја напуштиле земјата.  Доволно е само да се тргнат розевите очила на СДСМ и ќе видиме како од Делчево во само еден ден си заминаа 1000 луѓе. Луѓе заминуваат и од Липково и од Тетово и од Сарај. Македонија се празни.

Реалноста која ја креираше СДСМ е сурова. Граѓаните живеат без надеж и можност за подобра иднина. СДСМ нема легитимитет да ја управува државата. СДСМ мора да си замине“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе