ВМРО-ДПМНЕ: Судењето за „Рекет“ мора да почне со обвинение за главата на октоподот

Без да биде изведена на обвинителна клупа главата на октоподот, правдата нема да биде задоволена во случајот Рекет. Доколку највисоките владини функционери бидат амнестирани за овој мега политичко-медиумско-обвинителски коруптивен скандал, тогаш е јасно дека органите на прогонот и судската власт се ставаат во заштита на криминалот, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема човек во земјава на кого не му е јасно дека Боки 13, Зоран Милевски Кичеец или Катица Јанева, немале капацитет само да ја смислат целата рекетарска шема, а уште помалку имале моќ да ја реализираат. Јасно е како бел ден дека највисоките структури на власта, стојат зад нивниот пријател Боки 13 со кого имаа редовни фотосесии. Со Зоран Заев на власт Македонија стана препознатлива по криминал, корупција и рекет.

Аферата Рекет е најголемиот криминален случај во независна Македонија. Аферата Рекет е доказ за криминогеноста на Зоран Заев и власта. Таа е потврда за спрегата помеѓу судството, обвинителството и власта. Шрст месеци откако е пријавен случајот нема разрешница. Со месеци се развлекуваше приведувањето на Боки 13 и Зоки Кичеец, за кои видовме дека во обвинителството имало фото и видео документирани докази, но не постапи сѐ додека снимките не беа објавени во медиумите. Беше потребно јавноста од странски медиум да ја слушне Катица Јанева како ветува слобода на обвинет во предмет од СЈО за и таа да се најде зад решетки.

Медиумите изнесоа бројни детали а социјалните мрежи зовреа за на крај ЈО да ја повика Фросина Ременски. Се губеа и уништуваа телефони и исчезнуваа торби Луј Витон полни со евра. Развлекувањето на случајот Рекет е апсолутен доказ дека Зоран Заев е главата на октоподот, а ЈО , судот и органите на системот се само неговите пипци. Ефикасна разрешница на Рекет не може да има сѐ додека Зоран Заев е на власт, бидејќи тој е причината, а не лекот за проблемот, наречен криминогена власт“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе