Партиско соопштение

ВМРО-ДПМНЕ: Струмица е потврда дека Македонија плаќа најскапо за гасот

„Владата на Заев потроши 5 години, а не мрдна со прст за гасификација на државата. Напротив ветуваше дека ќе ја гасифицира државата по примерот во Струмица. Токму тој пример сега е показател за лош модел. Струмичани сега плаќаат речиси 100 посто поскап гас, затоа што Заев и екипата околу него беа зафатени со криминали корупција и избори, наместо да обезбедат поевтин гас , како што тоа го направија останатите држави во Европа“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„И во време на енергетска криза, но и надвор од неа, Македонија поради заевизмот плаќа најскап гас. Додека сите влади водеа интензивни разговори за обезбедување на гас по пониски цени, Заев го водеше пиунот Ковачевски за рака низ партија. Додека државите се подготвуваа за ценовниот удар, Битиќи и Бектеши уверуваа дека нема да има позначајно поскапување и удар по џебот на граѓаните. Сега граѓаните во Струмица кои ќе плаќаат скоро двојно поскап гас,на свој грб ја чувствуваат неспособноста, неодговорноста и криминогеноста на заевизмот“, се вели во соопштението.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе