Партиско соопштение

ВМРО-ДПМНЕ: Србија на врвот според имунизација, Македонија бележи починати

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од министерот за здравство Филипче наведувајќи дека за разлика од Србија која е во врвот на листата земји со најефикасна имунизација на населението и каде ќе отпочне и производство на руска вакцина, Македонија сѐ уште нема ниту една доза на вакцина.

Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ се вели дека претседателите на Србија и на Русија Александар Вучиќ и Владимир Путин постигнаа иницијален договор за производство на руската вакцина во Србија, дека група експерти ќе дојдат следната недела за старт на прозиводство на руската вакцина во Србија и дека тоа беше светска вест.

„Вест е и дека по број на жители најмногу вакцинирани има во Израел, Велика Британија и САД, а на четврто место на светската листа е Србија.Но, Македонија ја нема на листите за тоа колку лица се вакцинирани, затоа што нема вакцини, ама ја има на листите за број на заболени и починати. И тука котира високо затоа што има скоро 3 илјади починати или околу 1.500 починати на милион жители“, наведува партијата.

„Ова е резултат од (нe)работата на Филипче. Ова е резултат на тоа што Филипче се возеше на ковакс механизмот. Ова е резултат на непреговарањето со прозиводителите на вакцини. Ова е резултат на бирањето/одбивањето од каде вакцини, а во суштина никој не ги ферма надлежните во Македонија“, се вели во партиското соопштение и се истакнува дека одговорност мора да има.

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе