ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да поднесе оставка, доволно ја замајува јавноста за убиството на Тот

Оливер Спасовски уште повеќе се заплеткува со скандалозни изјави поврзани со убиството на ракометарот Денис Тот. Спасовски 5 дена после убиството кажува дека ја имаат снимката од убиството, откако целата јавност ја виде, а не објаснува зошто МВР два дена после убиството тврдеше дека немало насилство и информираше дека ракометарот не бил претепан, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Спасовски ни малку не ја убеди јавноста дека МВР не го заташкува случајот, туку напротив.

Впрочем, Спасовски пет дена после настанот најави дека за едно од лицата се трага и дека после 5 дена „ќе се распишуваат меѓународна и домашна потерница“?!

И реакцијата на МВР и ставовите кои МВР ги даваше за случајот говорат дека нешто се крие и се забошотува. Доволно Спасовски ја замајува јавноста. Затоа Спасовски треба да поднесе оставка веднаш“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе