ВМРО-ДПМНЕ: Соработниците на Заев го напуштаат бродот што тоне

Повлекувањето на советникот на министерот за финансии Драган Тевдовски не може и не смее да биде амнестија за Зоран Заев за економската катастрофа која ѝ ја донесе на Македонија. Стратегијата за напуштање на бродот кој тоне не е, ниту смее да биде бегство од одговорноста за осиромашувањето на државата и граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ на информацијата за оставката на советникот на министерот за финансии Бранимир Јовановиќ.

„Заев, Тевдовски и Анѓушев ја покачија акцизата, си го зголемија буџетот, го зголемија задолжувањето, а ги занемарија капиталните инвестиции и на Македонија ѝ донесоа најмал економски раст во регионот и пошироко. За овој срам не може да биде виновен само советникот на Тевдовски.

Економијата две години е во колапс. СДСМ потроши 7 милијарди евра буџет за две години, а ништо не е направено. Нема нови автопати, нема нови инвестиции, нема нови болници, школи и градинки.

Нивото на реализација на капитални инвестиции за првите три месеци од годината е нешто над 6%. Доколку се продолжи со ова темпо до крајот на годината нивото на реализација ќе биде катастрофално ниско. Истата ситуација се случи и минатата година. Тоа се две години од животот на граѓаните кои поминаа без ниту една позначајна инвестиција. И додека нивото на реализација на капитални инвестиции е катастрофално ниско, висината на задолжувањето е енормно. Никој не знае каде се потрошени над половина милијарда евра пари на граѓаните, сума за која власта се задолжи кај странските и домашните кредитори. Власта се задолжува, а граѓаните се се посирмашни. Над 500.000 граѓани живеат на прагот на сиромаштија. Младинската невработеност е највисока во регионот и во Европа  во целост. Сѐ поголем е бројот на граѓани кои се решаваат трајно да ја напуштат државата и да се отселат  во странство. Со СДСМ граѓаните губат надеж, а бизнисите немаат перспектива. СДСМ треба да си замине. Граѓаните заслужуваат подобро“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе