ВМРО-ДПМНЕ: Сопруги на функционери на СДСМ не плаќаат концесија за државно земјоделско земјиште

Зоран Заев во Македонија донесе режим и корупција. Доказ за тоа се последните случаи обелоденети од заменик министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Цветан Трипуновски, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Според доказите раководителот на подрачната единица во Свети Николе, Дејан Гичев на име на својата сопруга си има доделено земјоделско земјиште. Исто така и на сопругата на градоначалникот на општина Лозово има доделено земјоделско земјиште во атарот на Свети Николе. Во овие два договори и по двете укажувања до министерството за неплатена закупнина на истите им е дадена само фактура за да платат камата по основ на неплатена закупнина додека на сите останати земјоделци во Македонија кои што имаа еден ден задоцнување министерот Трајан Димковски се фалеше по медиумите дека им го има раскинато договорот.

Ова е еден од низата примери како кадрите на СДСМ се привилегирани во делот на законите кои што треба да бидат важечки за сите.

Според  листата на „Транспаренси Интернешнл“, Република Македонија се најде на 106-тото место. Македонија е во друштво на Монголија и Брегот на Слоновата Коска.  Зоран Заев и Оливер Спасовски го штитат криминалот. Власта предводена од Зоран Заев ја закопа Македонија со фрапантен пад од 13 места според Индексот на корупција, со што само се потврдува фактот дека проблемот со криминалот, корупцијата и рекетирањето ескалира. Институциите замижуваат и не преземаат ништо, бидејќи се под огромен притисок на рекетарската власт“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе