ВМРО-ДПМНЕ: Собранието мора да ја разреши Јанева

Јавното обвинителство и Љубомир Јовески не можат да постапуваат по наредби на осомничената Јанева. Јовески не смее да прима наредби од лице во притвор. Дали доколку Јанева нареди приведување на Русковска од затвор, Јовевски ќе постапува по однос на истото и ќе го процесуира до суд, прашува во денешното соопштение ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев ја штити Јанева затоа што така го штити својот и криминалот на власта. Пратеничката група на СДСМ треба да покаже доблест, доколку ја има и да постапи по предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за разрешување на Катица Јанева.

Со Јанева како официјален носител на функција од притвор ѝ се остава простор за маневар и свесно давање наредба за дејства со кои се прикриваат докази или се носи истрагата во друг правец.

Јанева е лицето преку кое е вршен милионскиот рекет за потребите на власта и таа не смее да има овластувања од политичко правна природа.

Дали СДСМ чека Јанева да преземе уште некое дејство, по што ќе биде однесена истрагата во друг правец далеку од Зоран Заев и врвот на власта.

Собранието треба да постапи единствено по насока на веќе донесените одлуки на ЈО и Комисијата за избори и именувања на Собранието.

Секое одлагање на разрешувањето на Јанева е давање ветар во грб на криминалот.

Потребно е разрешување на Јанева веднаш, формирање на независно ЈО и распишување на предвремени парламентарни избори час поскоро“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе