„Многу добро знае потрчкото на Зоран Заев, Стево Пендаровски, дека овој закон за попис и оваа операција, е политичка операција, а не статистичка. Тој пред само еден месец бараше целосен консензус околу законот за попис и сега самиот тој се посипа со пепел", се наведува понатаму во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ наведува дека Пендаровски знае дека „криминалната власт целосно ја игнорираше опозицијата при процесот на изготвување и носење на Законот за попис" и дека не е прифатен ниту еден амандман и дека е злоупотребено европското знаменце.
Според партијата, не е прифатено клучното барање да се воведат терминали за земање на отпечаток од прст, но и дека Пендаровски сигурно знае оти нема време за да се спроведе попис.
„Дали на Стево Пендаровски, како на претседател на Македонија, му е грижа за здравјето на граѓаните? Во време на кризна состојба заради епидемијата со ковид-19, Стево потпиша указ на закон за попис. Па нели беше загрижен Стево пред само неколку недели за здравјето на граѓаните. Гледа ли Стево Пендаровски дека десетици држави во Европа ја откажаа ова статистичка операција. ВМРО-ДПМНЕ е за попис на населението и домаќинствата, но не за ваква политичка операција која нема да ги даде реалните резултати од овој процес. Покрај Зоран Заев одговорност ќе понесе и Стево Пендаровски за пропаѓање на пописот", се вели на крајот од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.