ВМРО-ДПМНЕ: Со уцени и поткуп почна владеењето на Заев, така и завршува

Република Македонија и законодавниот дом не смеат никогаш повеќе да бидат заложници на криминалот, изнудите и тргувањето со националните интереси. Како што шверцерски, преку непринцишиелни пазарења, состави мнозинство за да дојде на власт и за да ја заобиколи волјата на граѓаните, така и на крајот од неговото владеење, Заев со уцени, закани и поткуп се обидува да обезбеди поддршка на сопствената амнестија, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев по насилен, неуставен и шверцерски пат преку своите слуги сака да донесе Законот за јавно обвинителство се со цел тој да се спаси од одговорност за сите криминални афери и скандали. Заев ги злоупотребува институциите и во законот за јавно обвинителство гледа последна шанса за спас кога ќе падне од власт. Законот е штетен и селективен, спротивен на Уставот, а тоа го потврдија и универзитетски професори, докажани во својата професија.

Интерес на сите граѓани во Република Македонија е владеење на правото, развиена и стабилна економија, а не насилство, уцени, и агресија од страна на криминално рекетарската власт на СДСМ и Заев. 12 април е денот кога ќе се стави крај на политичката криза, нестабилноста и несигурноста која што ја создава СДСМ и крај на политичката кариера на Заев“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе