ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ на власт ситуацијата со епидемијата би станувала уште полоша

 Бројот на заразени граѓани од ковид-19 ќе достигне 10.000, а на Зоран Заев поважно му е да развозува мотоцикли. Неговата партија е кластерот која го причини новиот бран што трае од крајот на мај, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Пандемијата само што беше стивната, а Зоран Заев и неговата партија преку систематскиот поткуп на терен во полициски час забрзано ја ширеше заразата. Македонија е рекордер во регионот и црна точка во Европа. Со СДСМ на власт ситуацијата би станувала уште полоша. Тие не се справија со првиот бран и им се случи втор бран во среде лето.

Евентуален трет бран со СДСМ на власт би имал катастрофални последици за животот и здравјето на граѓаните, но и за економијата. СДСМ не носеше стручни политики, туку политичко профитерски. Граѓаните и стопанството половина година страдаат заради СДСМ, тоа не смее да продолжи“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе