ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ на власт не се празнат само селата, сѐ попразни се и градовите

Власта три години не презема ништо да ги врати иселените како што ветуваше. Напротив сѐ повеќе се иселуваат. Граѓаните бегаат од државата заради беспарицата и уништениот правен систем. Граѓаните живеат во сиромаштија. Само семејството Заеви профитира, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните земаат минимални плати, а фирмите на Заев вртат над 50 милиони евра годишно. Заев го направи буџетот скоро 4 милијарди, како би можеле неговите, фирмите на неговото семејство и фирмите на блиските до власта да добиваат тендери и да ги полнат банкарските конта. Со Заев на власт во Македонија нема живот за граѓаните. Има живот за врхушката на власт. Со Заев на власт граѓаните се иселуваат. А тие што остануваат живеат во немаштија.

Зоран Заев е причината за голготата на граѓаните во изминативе три години. На 12 април граѓаните ќе го испратат Заев во политичка пензија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе