ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ и ДУИ Македонија и натаму меѓу најкорумпираните држави во Европа, во друштво со земји од Африка

Македонија повторно на листата на Транспаренси е во друштво на земји како Сенегал, Виетнам, Танзанија, Етиопија. Лошото рангирање е заради големите корупциски афери на власта, сметаат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Нерасчистен остана случајот околу трчањето по провизии од вакцини, ниту пак исчезнувањето на името на Вице од кривична пријава за рекет во РЕК, нема одговорност за ниту еден корупциски скандал или криминал во кој се вмешани луѓе од власта.
Ниту изминатава година не се утврди кој прислушкувал во ЈО. Власта нема намера да се бори против корупција, таа е причинител на истата.
Потребни се коренити реформи и одлучна борба против криминалот, со СДСМ и ДУИ тоа не е можно. Затоа потребни се брзи предвремени избори, и влада која ќе биде насочена реформски и со јасна агенда за борба против корупцијата и криминалот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
 
 

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе