Соопштение упатено до БЕСА, ЛДП, ДОМ, ДС и ДПА

ВМРО-ДПМНЕ со повик до партиите од власта: Не ги штитете Филипче и Хасани

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува партиите од власта: БЕСА, ЛДП, ДОМ, ДС и ДПА да не го штитат Филипче и да биде изгласана смена на министерот за здравство Венко Филипче, како и на неговиот заменик Илир Хасани. Опозициската партија очекува овие партии кои се во коалиција со СДСМ и ДУИ, и самите да ги повикаат Филипче и Хасани на оставка. ВМРО-ДПМНЕ вели дека одговорност мора да има и дека рокот што партијата им го остави на двајцата функционери останува - до утре оставките да ги поднесат во Собранието, а не до премиерот.

ВМРО-ДПМНЕ смета деека премиерот нема да ги прифати оставките и повторува  дека Филипче и Хасани имаат рок до вторник да ги поднесат оставките до Собранието.

„Доколку не ги поднесат, ВМРО-ДПМНЕ во координација со другите парламентарни партии ќе поднесе Предлог одлука за разрешување на министерот за здравство и неговиот заменик. ВМРО-ДПМНЕ нема да бара интерпелација за таа да не заглави во некоја од фиоките на Талат Џафери. Филипче и Хасани мора да сфатат дека одговорност мора да има и тие не смеат да бидат на своите позиции од морални причини. Тоа што ќе покаже истрагата е предмет дали за нив ќе има кривична одговорност или не. Тоа се два различни поими и постапки кои треба да течат одвоено“, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

 

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе