ВМРО-ДПМНЕ: Со Филипче граѓаните тешко дека ќе видат вакцина наскоро

По кој пат лаже Венко Филипче за стартот на вакцининацијата ни самиот не знае. За последната недела од февруари, оваа изминатава, тој најави какви се не вакцини од Фајзер, кинески, од Ковакс механизмот... На ден до први март, сите земји вакцинираат трети месец, ама во Македонија се вакцинираа само неколкумина здравствени работници и тоа благодарение на донираната вакцина од Србија, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„А треба да се вакцинираат сите медицински лица, треба да се вакцинираат повозрасните од 70 години, секако треба да се вакцинираат и оние со повеќе хронични болести...и кој сѐ не. Секако треба да се вакцинираат и оние помладите кои имаат контакти поради работното место.

Во меѓувреме сѐ погласно се зборува и за вакцинални корона пасоши, односно ќе можете да посетите некоја земја само ако имате примено вакцина. Со оваа динамика на лажење на Филипче едно е јасно - граѓаните тешко дека ќе видат или евентуално примат вакцина насокоро. И сето ова поради неспособноста и фокусираноста на тендери и провизии што чини животи. Затоа одговорност мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе