„Со отстранување на членот на комисијата, Заев сака да ја претвори оваа историска комисија како и секоја друга институција во државата каде има свои послушници. Наместо да се штити професионализмот и националните интереси, премиерот предавник на својот народ и држава сега повторно ќе ја менува историската стварност во полза на Бугарија, за да си ги задоволи своите сметки и бизниси.
Заев безобразно лаже за смената на членот на комисијата кој беше критички настроен, а со тоа прави дополнителен притисок кон останатите членови, за казната која би ја добиле. Целта е јасна да се потпишат и да се согласат сите членови на се што ќе каже деспотот Заев, за да може да се пазари со идентитетот.
Повеќе од три месеци Владата молчи за анексот и за неговата содржина која претставува нова капитулација за Македонија и одрекување од идентитетските обележја и историските вистини. Факт е дека историскиот ревизионизам на власта се спроведува по секоја цена, не бирајќи средства и начини.
Секое премолчување и сокривање на вистината како непојавувањето на Димитров во македонското собрание, заевата рамнодушност и неартикулисаност кон идентитетските прашања и тајните договори со Софија ќе бидат повторно погубни за националните интереси, затоа што очигледно дека пазарот со историјата, политичките калкулации и притисоци се поважни за бизнис“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.