Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Скопје страда заради бизнисите на Арсовска, Зечевиќ и Ковачевски

Скопје страда заради бизнис интересите на Арсовска, Ковачевски и Зечевиќ, сите се ставени во погон за штитење на провизиите од Турците, реагира ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение на прес-конференцијата на градскиот советник од СДСМ Гордан Шутаров кој побара од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката извинување за нереализираните проекти, за што причината ја најде во нивни бизнис интереси.

„Арсовска сакаше да влијае во тек на постапка за избор на изведувач и инсистирала на смена на Комисијата, што е спротивно на праксата на ЕИБ. Златко Перински не дозволи незаконие во постапката за прочистителна станица и затоа ѝ пречепе на Арсовска и СДС кои здружно се борат во обидот за криминал.

За сите нереализирани барања и неостварени ветувања за кои зборуваат од СДС, ги повикуваме дезертерот Ковачевски и калфата на дезертерот Ковачевски, Миле Зечевиќ да ги постават како прашање на една од тајните средби со Арсовска.

Токму поради нереализацијата на проектите и криминалните интереси денес Арсовска не е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, но затоа СДС троши десетици илјади евра на билборди, спотови и флаери да ја оправда Арсовска.

Ако беа проблем членовите на Комисијата за пречистителна станица дезертерот Ковачевски и Арсовска да кажат зошто сега не ги разреши. Или пак новиот директор ќе ја спроведе насоката на СДС - овскиот турски фаворит за пречистителна станица.

Дезертерската коалиција Ковачевски, Арсовска функционира беспрекорно само кога бизнисите се на сцена“, пишува во реакцијата

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе