ВМРО-ДПМНЕ: Скандалот со патниците во Финска ја дискредитира Македонија како држава

Неспособноста и неодговорноста на власта на Заев и Филипче не е само македонски проблем, туку и меѓународна здравствена опасност, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

„Последниот скандал со патниците кои од Македонија пристигнале на аеродромот во Финска и од кои 24 биле заразени со корона вирус, ја дискредитира Македонија како држава. Ова покажува дека не само што сме европски Вухан, туку поради неодговорноста на властите ги доведуваме во опасност и другите држави во Европа.

Очигледно дека властите немаат никаква контрола врз епидемијата. Никој не знае ни кој влегува, ни кој транзитира, ни кој излегува од земјата и дали тој е носител на опасниот вирус”, пишува во партиското соопштение.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е црн рекордер во регионот по смртност и заразеност на еден милион жители. Нема никаква одговорност ниту за последниот скандал со заразените патници кои пристигнаа во Финска, исто како што нема никаква одговорност ниту за кластерот во Геријатрија Скопје, кластер меѓу најранливата категорија на граѓани.

„СДСМ, Заев, Филипче не направија ништо за здравјето на граѓаните во текот на шесте месеци откога е започната епидемијата со корона вирусот”, доаваат оттаму.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе