Партиска реакција со барање за извинување

ВМРО-ДПМНЕ: Скандал, Пендаровски со пари од граѓаните и со луѓе од кабинетот се фали дека е „човек од народот“

„Каков дебакл - Стево Пендаровски си нарачал и со парите на граѓаните си платил, а со вработените од неговиот кабинет се фали дека бил човек од народот. Претседателскиот центар за политичка соработка, заедно со граѓанско здружение, изработил анкета со која со народни пари, Стево Пендаровски се фали сам себе“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешното објавување на Анализата за јавното мислење за политичките барања на граѓаните испратена од кабинетот на шефот на државата.

„Претседателскиот центар се финансира со буџетски пари на граѓаните и е наменет за работи кои ќе имаат општа полза, а не за кампања за кревање на рејтингот на Стево Пендаровски. Граѓаните очекуваат од Пендаровски да даде решенија и правци за излез на државата од кризите, а тој ги троши нивните пари на политички маркетинг.  Очекуваме Пендаровски да се извини на народот за ова трошење на нивните пари за своја промоција“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе