ВМРО-ДПМНЕ: Сите мерки на власта се дебакл

Мерките и политиките на мафијата на власт доживуваат дебакл. Последен во низата промашени мерки е и мерката „Викенд без ДДВ“ кој е целосно промашување, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение.

Според партијата, наместо најавуваниот поврат на ДДВ од 17 милиони евра ќе се реализира само 1 милион евра, а тоа покажува дека мерката не била доволно добро обмислена и избрзана, но и дека народот нема доволно пари поради драстичниот пад на стандардот.

„Македонија со оваа мафија на власт тоне од ден во ден. Поради промашените политики Македонија имаше рекорден пад на економијата во вториот квартал од 12,7%, бројот на невработени се зголеми за над 40 илјади нови лица, а долгот за само три месеци се зголеми за една милијарда евра.

Уште полоша е состојбата и на здравствен план во поглед на справувањето на државата со пандемијата. Македонија е црна точка, рекордер по смртност од коронавирусот. Секој ден бројките на заразени расте и веќе е очигледно дека е излезена од контрола“, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека власта на чело со Заев покажала колку е неспособна кога се работи за потребите и интересите на граѓаните, но истовремено организирана и агилна кога се работи за криминал, корупција и лично богатење.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе