„Синот на Талат Џафери полагал правосуден испит пред да стекне соодветно образование, а институциите со денови молчат и се прават ненадлежни. Ова е директно кршење на нормите и законите во Македонија, а да биде поапсурдно на тој начин лицето се запишал и на Академијата за судии и обвинители. Со неправо влегол во правосудниот ситем и ќе дели правда?!
Скандалот излезе во јавноста и власта молчи. Прават се да го забошотат случајот. Ова е владеењето на правото и правната држава по урнекот на Ковачевски и СДС. Ова се европските стандарди со кои им е полна устата на владините функционери. Власта на Ковачевски ќе биде казнета од народот и за овој скандал, како и за низата други во кои е длабоко заглавена. СДС се свесни за тоа, па сега голтаат кнедли, само и само да се задржат уште некој месец повеќена функција да украдат уште некој милион. Одговорност мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.