А, пуленот на Шекеринска, Драган Николиќ како државен секретар е еден од главните виновници зошто немаме воен претставник во НАТО веќе две ипол години. Шекеринска нека смогне сили веќе еднаш и јавно да каже дали НАТО повторно им го врати претставникот во Брисел поради соработки со тајни служби од други држави? И нека одговори дали е точно дека четири високи воени лица не го поминале тестот на НАТО?
Време е Шекеринска јавно пред граѓаните да ја признае грешката со номинацијата на највисокиот воен претставник и веднаш да поднесе оставка“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.