ВМРО-ДПМНЕ: Секој ден нов пик, Комисијата треба да се замени со нова специјална комисија од експерти

Вчерашната бројка од 641 заболени е вина на Комисијата за заштита од заразни болести, која треба да се замени со нова специјална комисијата од експерти. Власта и Комисијата за заштита од заразни болести немаат никаков кредибилитет и не можат да се справат со корона кризата. Секој четврти тестиран во Македонија е болен од ковид, се вели во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

„Вчерашната бројка од 641 новозаболени е доказ дека ништо од тоа што власта направи нема ефект. Секок ден е нов пик. Комисијата за заштита од заразни болести потфрли и од првично најавуваните 2.000 заболени за цела пандемија, сега имаме 2.000 за само една недела.

Власта предлага несуштински мерки за борба против пандемијата, уште од самиот старт во март пристапот е погрешен и политикантски. Комисијата за заштита од заразни болести е главниот виновник за високиот број на заразени и починати. Комисијата наместо стручност демострираше политика.

Токму затоа е потребно формирање на специјална комисија која ќе биде составена од професионалци, експерти во своите области кои здравјето и интересот на граѓаните ќе ги стават пред лично партиските интереси на партијата на власт.

СДСМ нема капацитет да биде во функција на граѓаните и овој пат одлучи да партизира сѐ до крај. Потребен е систематски пристап кој ќе резултира за подобрена општа здравствена состојба и силна економија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе