ВМРО-ДПМНЕ: Се подготвува најмегаломанскиот буџет - 4 милијарди евра

Криминалната банда на чело со измамникот Зоран Заев го подготвува најмегаломанскиот буџет во историјата на Република Македонија, тежок 4 милијарди евра. Додека беше во опозиција критикуваше дека буџетот бил преголем, ветувајќи дека ќе го намалел и ќе ги крател задолжувањата. Заев излжа. Долговите постојано се зголемуваат, капитални инвестиции нема, а никој не знае на што ќе се трошат парите, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Како и досега преку криминални тендери и грантови, но и партиски вработувуања, парите на граѓаните ќе завршуваат во џебовите на високи партиски и државни функционери на СДСМ. Граѓаните од мегаломанските буџети на СДСМ видоа само лоповлук и расипништво, а реализацијата на капиталните инвестиции веќе трета година по ред е очајна. Оваа година капиталните инвестиции го достигна дното со реализација од околку 30 проценти за 9 месеци.

Измамникот Заев го најави и бројчаникот кој ќе ги прикажувал парите што ќе ги врател во буџетот. Каде е бројчаникот кој го ветуваше Заев? Каде се 6-те милијарди кои Заев и СДСМ тврдеа дека се украдени? Сѐ е лага до лага. Само потврда на лагите добија граѓаните од власта на Зоран Заев. Нема живот, ниту ветеното враќање на парите.

За 3 години аблоцираниот криминалец Заев потроши 10 милијарди евра пари на граѓанитe. Имајќи ја предвид неговата богата „кариера“ проследена со корупција и криминал не е тешко да се претпостави каде завршија народните пари.

Граѓаните тонат во сиромаштија, едвај го минуваат месецот. Повеќе од половина милиони граѓани на Република Македонија денот го минуваат со еден оброк, живеејќи во сиромаштија. На криминалот и корупцијата мора да се стави крај“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе