ВМРО-ДПМНЕ: Се отплеткува мрежата на соларниот картел чиј дел е и Пиксел груп

Очигледно во Пиксел груп се нервозни поради фактот дека се отплеткува мрежата на соларниот картел каде значаен дел е токму оваа фирма. Останува непознато само кој го пишуваше соопштението на компанијата. Дали тоа е сопственикот и управител Горан Паунов, кум на дезертерот Ковачевски. Или пак самиот Ковачевски кој своевремено е и основач на оваа компанија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по вечерашното соопштение на Пиксел груп.

„Ковачевски е избезумен што јавноста дознава за трговија на влијание и богатење на сметка на грбот на народот. Аферата Броило покажува дека Ковачевски е кризен профитер.

Со објавениот демант од Пиксел и КМГ ЕОЛ Квазар кој не знаеме кој го пишувал, само го потврдија она што го говориме, дека последните 4 ипол години на фирмите Пиксел и КМГ ЕОЛ Квазар им одело најдобро“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе