„Да појасниме, се работи за два различни договори, по отворена транспарентна постапка, и кога почнува вториот договор, се раскинува првиот договор. Вториот договор важел до пред 6 месеци, период кога СДСМ е на власт, а Заев е премиер.
Вакви слични лажни обвинувања СДСМ изнесуваше и за начинот на кој Христијан Мицкоски се стекнал со концесија за хидроцентрали за кои антикорупциската комисија потврди дека нема никаква поврзаност со неправилности и криминал“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.